Меги Џиленхол / Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Меги Џиленхол ќе го предводи жирито на Филмскиот фестивал во Венеција

Американската режисерка, актерка, сценаристка и продуцентка Меги Џиленхол ќе го предводи жирито за главната конкуренција на овогодинешниот Филмски фестивал во Венеција, соопштија организаторите, пренесува „Ројтерс“.

Нејзината актерска кариера се протега повеќе од три децении, со улоги кои ги вклучуваат суперхеројските филмови „Темниот витез“ во 2008 година и „Лудо срце“ во 2009 година, за кои беше номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога.

Своето режисерско деби го имаше во 2021 година со познатата драма „Темната ќерка“, која исто така ја напиша и која ѝ ја донесе наградата за најдобро сценарио на овогодинашниот Филмски фестивал во Венеција.

– Возбудена сум што ја прифаќам поканата да го предводам жирито на овогодинешниот Филмски фестивал во Венеција – изјави Меги во соопштението.

– Венеција отсекогаш поддржувала автентични, уникатни гласови и ми е чест што можам да учествувам во продолжувањето на оваа храбра и неопходна традиција. Нема да судам, туку ќе бидам љубопитна, возбудена и воодушевена –  додаде таа.

Директорот на фестивалот, Алберто Барбера, рече дека Џиленхол изградила кариера заснована на интелигенција и храброст.

– Тоа што е назначена за претседател на нашето жири значи дека можеме да се потпреме на авторитативен и независен глас, воден од автентична страст за уметничко кино што отсекогаш била во срцето на Фестивалот – рече тој.

Овогодинашниот Меѓународен филмски фестивал е 83-то издание и ќе се одржи во Венеција од 2 до 12 септември. Филмовите во натпреварувачка конкуренција традиционално се прикажуваат во јули.

ВИДЕО | Џејк Џиленхол ја откри скриената порака од неговата сестра Меги на „Доцното шоу“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот