ВИДЕО | Џејк Џиленхол ја откри скриената порака од неговата сестра Меги на „Доцното шоу“
Меги Џиленхол имаше посебно изненадување за својот брат Џејк Џиленхол за време на неговото последно гостување на „Доцното шоу“ (The Late Show).
Препорачано
Во вторникот, Џејк дозна дека неговата сестра му скрила писменце во каучот кога гостувала во „Доцното шоу“ со Стивен Колберт претходната вечер.
„Твојата сестра ти остави подарок“, му рече водителот Колберт на актерот.
Колберт сподели дека Меги „не сакала да им објасни нешто“, но сакала да му ја остави пораката на Џејк. Тој потоа му покажа на Џејк видео од моментот. Меги се чини дека донела парче хартија и решила да го „скрие во каучот“. Колберт и неговата екипа „не го извадија“, потврди тој.
„Треба сè уште да биде таму, мислам дека е од оваа страна“, рече Колберт, упатувајќи му на актерот да го открие.
Џејк ја најде белешката и ја прочита на глас. „Ти си ѕвер“, напишала Меги.
Актерот потоа сподели дека пораката од Меги била значајна за него бидејќи произлегува од бродвејска претстава во која Меги претходно учествувала.
„Тоа беше неверојатно искуство за неа, но таа, исто така, поминуваше низ многу во тој период. Влегов во нејзината гардероба за премиерата и само напишав: ‘Ти си ѕвер’. Го пишуваме тоа на огледалата, еден на друг, таа исто така го пишува на моето огледало, на секоја премиера“, објасни Џејк.
Тој додаде дека ова заедничко доживување и поддршка се приметува и во новиот филм на Меги, „Невеста!“ (Bride!).
„Mислам дека станува збор и за тоа сите ние да го гледаме тоа заедништво еден во друг и заеднички да излегуваме, да доживуваме како што би доживеале нешто тука или како што би доживеале на рок концерт или зошто би оделе во кино, за да доживеете нешто заедно и да го почуствувате тој дел од себе“, додава глумецот.
Потоа се пошегува дека ова е, исто така, нешто што таа му кажала да го спомене затоа што заборавила претходната вечер.
„Невестата!“ е втор филм на Меги како режисер, во кој глумат Џеси Бакли и Кристијан Бејл, а филмот е поразлична верзија на „Невестата на Франкенштајн“ (Bride of Frankenstein).
Џејк го игра Рони Рид, а ова е првпат да биде режиран од својата сестра. Двојката последен пат соработуваше на филмот „Дони Дарко“ (Donnie Darko) од 2001 година.
„Искрено, би сакала да ви дадам малку повеќе драма, но едноставно беше големо задоволство да соработуваме. Мислам, гледате во филмот, тој е малку повеќе ‘камео’. Па кога ќе дојдеше на снимањето облечен во одело, беше толку смешно. Само кога бев со него, ме насмеа толку силно. Беше едноставно големо задоволство да се работи со него“, одговорила Меги за „Пипл“ на прашањето за како е работење со нејзиниот брат.
Зборувајќи со „Њујорк тајмс“ Меги рекла дека таа и Џејк „никогаш не биле толку блиски како што се сега“.
Да потсетиме, „Невеста!“ излегува во кината на 6 март.


