Меџити: Јахоски е дел од пратеничката група на ДУИ, станува збор за техничка грешка (ВИДЕО)

Фото: „Слободен печат“

Меџити исто така рече дека владејачката коалиција има парламентарно мнозинство, иако пратеникот Арбен Зибери е во изолација, а Јагода Шахпаска, која е избрана за министерката за труд и социјална политика, нема наследничка.

Тоа што Исмаил Јахоски е ставен како независен пратеник е техничка грешка на веб-страницата на Собранието која ќе биде исправена, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити.

Тој одговараше на новинарско прашање, откако вчера некои портали објавија дека Јахоски, кој беше избран од листата на ДУИ, сега е независен пратеник. Меџити рече дека Јахоски бил градоначaлник од ДУИ и дека сега е дел од пратеничлката група.

На веб – страницата на Собранието и денеска стои истата информација, според која Јахоски го нема меѓу пратениците од пратеничката група на ДУИ, туку во независни пратеници, каде уште се и Игор Дурловски, кој беше носител на листа на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Панчо Минов од владејачката коалиција.

Меџити исто така рече дека владејачката коалиција има парламентарно мнозинство, иако пратеникот Арбен Зибери е во изолација, а Јагода Шахпаска, која е избрана за министерката за труд и социјална политика, нема наследничка.

„Има мнозинство. Ние сме во секојдневна комуникација и има ситуации кога треба да делуваме во посебни услови- изјави Меџити.

Тој не знаеше да каже дали освен Зибери и некој друг пратеник е во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот