„Ме тепаше пред сите“: Милена Радуловиќ детално опиша како ја малтретирал Мика Алексиќ

Фото: Инстаграм/Милена Радуловиќ

Во Судската палата во Белград денеска заврши судското рочиште против славниот драмски педагог Мирослав Мика Алексиќ, кој е обвинет за силување и недозволен полов напад врз актерката Милена Радуловиќ и врз други девојки.

Како што објавија српските медиуми, актерката пристигнала на рочиштето со нејзиниот партнер Огњен Јанковиќ, кој е член на групата „Београдски синдикат“.

Не денешното сведочење, Радуловиќ изјавила дека долго молчела за силувањето бидејќи се плашела од нејзиниот поранешен професор. Според нејзината изјава, таа се плашела од неговата моќ и од неговата способност да ја изманипулира ситуацијата во однос на тоа што е актерска вежба, а што не е.

Па, така, во една прилика ја претепал пред останатите ученици во групата. Таа раскажала дека Алексиќ ѝ удрил шамар, ја тепал со тупаници, дека ја удрила главата во плакар, по што сфатила дека сето тоа не е вежба.

„Кога првпат ми се случи, мислев дека бакнежот е негов тест, можеби за да провери дали сум доволно силна. Потоа се случи пенетрирање со неговите прсти во моето тело, бев исплашена и шокирана. Тоа беше чувство на предавство од човек во кого имав доверба, кон кого чувствував почит и стравопочит. Ја изгубив самодовербата, мислев дека ме казнува, се чувствував валкано. И тогаш се случија заканите, дека ако зборувам, тоа ќе влијае на тоа што ќе мислат моите пријатели за мене и дека ќе му се одмилам на мојот тогашен партнер. И кога првпат се спротивставив, тој буквално ме удри и тепаше пред цела група“, изјавила Милена Радуловиќ во преполната судница, а пренесоа српските медиуми.

Потоа таа додала: „Се плашев да излезам од мрежата во која ме вовлече. Имав самоубиствени мисли, мислев дека после сѐ што ми направи, мојот живот повеќе не вреди. Се плашев од Мика Алексиќ. Тој човек ме повреди како никој друг во мојот живот. Уживаше во болка, плачење, не знаев на што е способен тој човек. Ме тепаше пред сите под изговор дека станува збор за актерска вежба“.

Како што изјавила, Радуловиќ одлучила да го пријави професорот во јануари 2021 година, бидејќи сакала да ги заштити останатите девојчиња кои го посетувале неговото училиште. Актерката изјавила дека повеќе не можела да молчи и дека се чувствувала виновна.

Како потсетување, Алексиќ е обвинет за четири кривични дела силување, од кои две се со продолжено траење и пет кривични дела за сексуално вознемирување, од кои два случаи се со продолжено траење.

Тој беше уапсен и до септември 2021 година беше во притвор, потоа остана во домашен притвор до март 2022 година, а потоа беше ослободен да се брани од слобода.

Хаштагот #NisamPrijavila со молскавична брзина се шири на Твитер: Жените пишуваат зошто не пријавиле насилство!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот