Мбапе до новинарите: Ве молам, прекинете со тој Реал! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе пред завршна одлука, летово во Реал Мадрид или не/Фото: EPA-EFE/Julien de Rosa

Веднаш после мечот новинарите ја искористија можноста дали одличниот играч на ПСЖ ќе направи голем трансфер во текот на летниот период.

Француските медиуми пишуваат дека Мбапе не е задоволен во Париз и дека има намера наскоро да го облече дресот на Реал.

Се шпекулира дека сите детали со „кралскиот“ клуб се договорени, но фудбалероте не сакаше да зборува на таа тема.

– Не е сега време да зборувам за Реал Мадрид. Секогаш ми поставувате исти прашања, но навистина не е вистински момент за тоа – кратко коментираше Мбапе до медиумите.

Зад себе имаше спектакуларна сезона, прво име на парискиот клуб и до самиот крај се бореше за „Златната копачка“ која на крајот ја освои Лионел Меси.

До сега одигра 43 натпревари во дресот на ПСЖ со учинок од 39 голови и 17 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот