Мбапе би можел да се соочи со сериозна казна во ПСЖ
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе (24) нема да го напушти ПСЖ во следниот преоден рок, ова го напиша фудбалскиот стручњак Даниел Риоло. Според него, играчот нема да го напушти клубот, дури и да бидат изречени лични санкции против него.
Препорачано
– Мбапе ќе остане во ПСЖ и следната сезона. Дури и ако клубот одлучи да го стави на клупата, Мбапе ќе остане верен на тимот. Тој е подготвен да ја прифати оваа ситуација – изјави Риоло, цитиран од „РМЦ Спорт“.
Мбапе по завршувањето на сезоната испрати писмо до ПСЖ, во кое изјави дека нема да го продолжи договорот со клубот, иако страните првично се договорија за продолжување на соработката. Неговиот важечки договор со францускиот шампион истекува во 2024 година.
Една од главните опции за продолжување на кариерата на Мбапе е трансфер во Реал Мадрид, кој е подготвен да плати стотици милиони евра за играчот.
Одличниот напаѓач на париските „светци“ минатата сезона имаше 34 настапи во „Лига 1“, постигна 29 гола и запиша пет асистенции.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
7час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


