Мажот кој упадна во бродската компанија во Атина се самоуби

полиција грција / фото архива

Вооружениот поранешен вработен, кој утрово упадна во бродска компанија во јужниот дел на Атина уби три лица, по што и се самоуби, според првичните неофицијални информации.

Убиените, неофицијално се лица од раководството на компанијата.

Мажот кусо пред 10.30 часот по локално време, преку паркингот влегол во објектот, каде што по пукањето се затворил во внатрешноста, а полицијата спроведе акција.

Засега не постојат официјални информации за инцидентот.

Според првичните неофицијални информации сторителот е поранешен вработен на возраст од околу 70 години и неодамна бил отпуштен од работа.

Маж со пиштол упаднал во бродска компанија во Атина, пукал кон вработените и се затворил во објектот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот