Семејно насилство / Насилство врз жени илустрација / Фото: Lev Dolgachov / Alamy / Alamy / Profimedia

Мажи нападнале жени, деца, сестра и мајка, Словенец си ја тепал сопругата во Охрид

Во неколку градови и населени места во државата вчера од слобода биле лишени петмина поради семејно насилство, информира МВР.

Приведенитесе од Куманово, од Струмичко, од Велес, како и еден странски државјанин од Словенија.

Синоќа во 21 часот полициските службеници од СВР Куманово, од слобода го лишиле 35-годишниот М.С. затоа што физички ги нападнал неговата четири години помлада сопруга и двете малолетни деца.

Исто во Куманово бил приведен и 57-годишниот М.Д. кој се сомничи дека физички ја нападнла неговата 28-годишна ќерка.

Словенецот бил приведен вчера во 20:40 часот на булеварот „Македонски просветители во Охрид. Полицијата интервенирала откако четириесет и осумгодишниот И.К. од Љубљана, претходно бил пријавен дека во стан во Охрид, по вербална расправија физички ја нападнал својата сопруга.

Вчера во 16 часот во струмичко село од слобода бил 36-годишен маж кој агресивно се однесувал кон неговата 65-годишна мајка.
Вчера утро, во 8:30 часот, пак, во Велес, локалната полиција, исто така, по претходна пријава, лишила од слобода 23-годишен жител на градот кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата една година повозрасна сестра

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник од Радовиш тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“, пратениците не изгласаа ова кривично дело да се гони по службена должност

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот