Маж паднал во септичка јама, беживотното тело извадено после 17 часа

Телото на Бранко В. (64), кој во понеделникот попладне паднал во септичка јама на улицата Жарко Самарџиќ во Сурчин, било извлечено дури во вторникот околу 13 часот, акцијата за извлекување на телото траела цели 17 часа.

Пријателот на Бранко, Иван Т. (41), кој прв, уште во понеделникот, се обидел да му помогне и да го извлече од јамата, длабока четири метри, е во лоша здравствена состојба и е на болничко лекување. Според соседите на жртвата, тој пред околу еден месец се вратил кај своето семејство од Македонија каде што живеел и работел.

– Бранко сакал да види во каква состојба е септичката јама, поточно дали таа се излева. Со помош на скала влегол внатре, но претпоставувам дека нешто се случило, тргнало наопаку и тој не можел да излезе од неа, можеби заради смрдеата, односно гасовите што се создаваат внатре во јамата го зашеметиле. Тогаш соседот Иван истрча да го спаси. Иван се врза со јаже и влезе во дупката, со намера да извлече својот пријател- вели Драгољуб Марковиќ, комшија на жртвата и додава дека најверојатно и двајцата брзо по влегувањето во јамата останале без свет.

Друга сосетка вели дека во понеделникот во 19.30 часот додека била во дворот слушнала страшен врисок, каков што не чула никогаш во животот и додава:

– Соседот отиде да помогне меѓутоа и него едвај го спасија само затоа што беше врзан со јаже.

Тој сега е во болница каде се бори за живот. Акцијата за извлекувањето на телото на Бранко В. била комплицирана и затоа биле повикани пожарникари и нуркачи.

Како што велат соседите, пожарникарите морале да скршат дел од бетонот за да стигнат до телото, а претходно бил вклучена и цистерна за празнење на септичката јама. По цели 17 часат, во вторникот околу 13 часот, телото конечно било извлечено.

– Штом не го извадија веднаш, знаевме дека е мртов. Тој немал шанса да преживее, бидејќи внатре во јамата испарувањето на отровни гасови се веројатно многу силни“, велат мештаните.

Соседот Љубинко Шимшиќ, кој скоро пет години живее под ист покрив со семејството на Бранко В., објаснува што ѝ претходело на трагедијата.

– Тоа се затнички септички јами, ги има три. Тој ден дојде човек со цистерна за да ги исчисти јамите. Наполни два цистерни. Брако отишол за да провери дали се чисти и дали преливаат. Ја спушти скалата и почна да се симнува по неа. Изгуби свет и падна во неа – вели Шимшиќ.

Соседите го забележале и еден од нив, Иван Т., веднаш истрчал, се врзал со јаже што го држел трет човек и се обидел да стигне до Бранко. Но и тој, при спуштањето паднал во несвест и брзо го извлекле. Не можеше да зборува, само замавна со раката. Слушам дека е во многу лоша состојба“, вели Шимшиќ и додава дека Иван Т. добил бебе пред еден месец.

Како што пишува Курир.рс, Бранко В. зад себе ги оставил сами сопругата, децата и внуците. Работел како градежен мајстор, ракувал со тешка механизација и работел во Црна Гора и Македонија, а на крајот од годинава требал да оди во пензија. Планирал да остане дома уште неколку дена и потоа да се врати во Македонија каде што работел.

– Една од неговите ќерки е во шестиот месец од бременоста – вели соговорникот на Курир.

 

Детали за трагедијата во Сурчин: Иван се извлекол од септичка јама, Бранко не дава знаци на живот

Фото: Курир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот