Детали за трагедијата во Сурчин: Иван се извлекол од септичка јама, Бранко не дава знаци на живот

Полиција/ фото МВР

Дежурните служби биле известени околу 19,30 часот дека еден човек паднал во септичка јама во белградската населба Сурчин.

На местото на настанот е испратена полициска патрола. Првите резултати од истрагата укажуваат на тоа дека извесен Бранко паднал во септичка јама, и дека на помош му дошол Иван Т. (41 година).

Иван исто така падна во јамата. Пожарникарите го извлекле Иван, кој бил однесен во КБЦ Земун.

Засега спасувачите не можат од јамата да го извлечат Бранко кој не давал знаци на живот.

Непосредно пред несреќата, тој бил врзан со јаже, но се лизнал и паднал во јамата.

Тој е вработен во Македонија како управител на градежни машини, а во Србија дошол на годишен одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот