Матурант од Хрватска почина на екскурзија во Прага

Прага/ Фото: Архива на Слободен печат

Матурант од гимназијата „Мате Балотa“ од Пореч вчеравечер почина додека бил на екскурзија во Прага.

Хрватските медиуми пишуваат дека сè уште не се утврдени причините, а полицијата спроведе истрага.

Директорот на училиштето Крешимир Брониќ изјави дека нема повеќе детали и го чекаат извештајот од полицијата и болницата, пишува Indeks.hr.

„За жал, на патувањето загина ученик од нашето училиште. Не можам да кажам повеќе од тоа бидејќи сè уште го чекаме извештајот од локалната полиција, како и лекарскиот извештај. Веднаш имавме состанок во училиштето за справувањето со кризни ситуации како оваа, нашите ученици се враќаат околу полноќ, а ќе ги пречекаат наставниците и родителите“, вели Брониќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот