Маск размислува да ја повлече социјалната мрежа Икс од ЕУ

Илон Маск Икс / Фото: Jonathan Raa/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Илон Маск размислува да ја повлече својата платформа за социјални медиуми Икс, порано позната како Твитер, од Европската унија, според медиумски извештај.

Технолошкиот милијардер е незадоволен од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), објави денеска веб-страницата Бизнис Инсајдер, извор од компанијата.

Законот за дигитални услуги (ДСА) ги обврзува големите онлајн платформи да преземат доследна и брза акција против говорот на омраза меѓу другото.

Икс неодамна доби список со прашања од Европската комисија, која сака да знае повеќе за тоа како платформата за социјални медиуми ги исполнува своите обврски.

Икс почна да им наплаќа на новите корисници од Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот