Масимилијано Алегри повеќе не е тренер на Јувентус
Она што се најавуваше сега се оствари, Масимилијано Алегри повеќе не е тренер на Јувентус, официјално денеска објавија од италијанскиот фудбалски клуб.
Препорачано
Како што пренесува реномираниот весник „Гаѕета дело спорт“, по финалето на Купот на Италија (кое „Старата дама“ го доби со победа од 1:0 над Аталанта), на спортскиот директор на клубот Кристијан Џунтоли не му се допадна однесувањето на Алегри, па заедно со водечките луѓе донесе одлука порано да ја прекине соработката со стратегот.
Според најавите, познато е и новото име кое ќе седне на клупата на клубот, Тиаго Мота, кој ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
Потсетуваме дека Алегри на споменатиот натпревар заработи суспензија од два натпревари поради расправија со судијата, а потоа направи скандал со закани кон новинар, поради што сигурно нема да може да го води тимот во последните два натпревари на 20 мај на гости против Болоња и дома против Монца на 26 мај. Според информациите Паоло Монтеро ќе биде привремен тренер завршните дуели во Серија А за оваа сезома.
Алегри по пет пати ги освојуваше Серија А и Купот на Италија, два трофеи има и од Супер купот и пет во „Копа Италија“. Исто така, два пати стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2015 и 2017 година.
Massimiliano Allegri is no longer head coach of Juventus Football Club.
— JuventusFC ???? (@juventusfcen) May 17, 2024


