Фото: Фејсбук/ФК Силекс / FC Sileks

Масевски ги скроти „лавовите“ за триумф на Силекс

Фудбалерите на Силекс славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров во натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига. Херој на Силекс е Дамјан Масевски кој го постигна единственот гол на натпреварот.

Масевски голот го постигна во 80 минута откако по изведениот корнер на Ристевски и грешката на одбраната на „лавовите“, од непосредна близина ја затресе мрежата на Стевковски.

Претходно, домашниот тим остана со играч помалку откако Лазаревиќ во 29 минута поради два жолти картони беше исклучен.

Силекс со првата победа на гостински терен, се искачи на второто место на табелата со 14 бода, четири помалку од лидерот Струга ТЛ, а три повеќе од третопласираната Шкендија. Македонија ЃП е осма со пет бода од шест натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот