Маројевиќ и Стевановска за прв медал во одбојка на плажа за Македонија

Маројевиќ и Стевановска „сребрени“ на У20 Балканскиот шампионат/Фото: facebook.com/volleyballmkd

Бојана Маројевиќ и Мила Стевановска освоија сребрен медал на Балканскиот шампионат за натпреварувачки до 20 години во Косово.

На овој шампионат покрај Македонија, учествуваа уште Албанија, Косово и Турција. во машка и женска конкуренција.

Во првиот ден кај мажите Македонија триумфираше над Албанија 1 со 2:1 (18:21, 21:17, 15:8), а потоа загуби од Косово 2 со 0:2 (16:21, 12:21). Кај жените Македонија со 2:0 беше подобра од Албанија (21:17, 21:17).

Во вториот ден кај мажите Македонија загуби од Турција 1 (13:21, 9:21), а во женска конкуренција Македонија со 2:1 славеше против Косово 2 (21:17, 18:21, 15:11) и уште еден триумф против Косово 1 со 2:1 (21:15, 16:21, 15:13).

Македонија во машка конкуренција го освои третото место во својата група „А“ и без борба за медали, а нашите натпреварувачки како првопласирани на табелата се пласираа во полуфиналето каде уште еднаш беа подобри од Косово 2, но не и повторно од Косово 1 во битката за златото со пораз од 0:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот