Марковски ќе биде тренер на женска ракометна екипа во Кина

иван марковски
Интересен предизвик во тренерската кариера на Иван Марковски/фото: РК Металург

Прославениот македонски репрезентативец, еден од најдобрите играчи во историјата на нашата земја, Иван Марковски, прифати интересен тренерски предизвик.

Како што информира „Балкан Хандбал“, поранешниот тренер на РК Металург се сели во Кина каде ќе ја предводи женската екипа Шандонг од Веихаи.

Тој ќе ја преземе функцијата на крајот на мај, тој потпиша договор со еден од најдобрите кинески клубови на три и пол години.

Воедно во тек се разговори и со тамошната федерација нешто подоцна да ја преземе и селекторската функција на женската ракометна репрезентација на Кина.

Ова не е прво искуство на Марковски во женскиот ракомет, бидејќи работеше во Франција како тренер на тимот на Авенуа. Во својата тренерска биографија го има и Е. Работник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот