Марин Петков: Респект за Естонија, но сè ќе зависи од нас

фото: kfsm.mk

Марин Петков имаше причини за задоволство, затоа што за својот 21 роденден доби и повик за настап и во македонската сениорска кошарска репрезентација. Дел е од оние 14 кошаркарки кои се во конкуренција за првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2025, и мечевите против Естонија на 23 февруари во Скопје и три дена подоцна против Полска, во Сосновиец.

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец изрази благодарност за укажаната доверба од стручниот штаб на чело со селекторот Александар Јончевски.

– Најпрвин сум благодарен што бев избран меѓу овие 14 кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на почетокот од овие квалификации. Пресреќен сум што сум тука, подготвен да го дадам најдоброто од себе. Дебито за сениорската репрезентација е голема работа, досега не сум имал проблем со трема пред натпревари, верувам дека така ќе биде и пред овој дуел со Естонија“ – рече еден од најмладите во овој ростер на „црвено-жолтите“.

Бекот на МЗТ Скопје Аеродром порачува дека најважно ќе биде Македонија да се претстави во вистинско светло, бидејќи тоа може да ни ја донесе победата на стартот од овие квалификации:

– Знаеме дека Естонците имаат квалитетна лига и навистина добри кошаркари, дел од нив настапуваат и во Евролигата. Имаме респект кон противникот, но го очекуваме најдоброто од нас самите. Ако го покажеме она што го знаеме, верувам дека ќе имаме поволен резултат. Поддршката од трибините секогаш е многу важна за нас, го видовме тоа и на младинското ЕП минатото лето каде навивачите ни помогнаа да ја оствариме зацртаната цел. Се надеваме дека повторно фановите ќе имаат голема заслуга за нови добри резултати на нашата репрезентација, овојпат, онаа сениорската – вели Петков.

Повеќе информации околу цената на влезниците за натпреварот Македонија – Естонија на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот