Марија Шерифовиќ бесна поради доказите за односот со Јована Пајиќ: Нема повеќе да ја крие вистината
Марија Шерифовиќ го прекина молкот и проговори за аферата со Јована Пајиќ. Деновиве, како што пренесува порталот „Република“, пејачката проговорила за поддршката која и ја пружа на својата коешка, чија кариера активно ја следи, а потоа се проговорила и за нивниот однос, посебно поради тоа што се „шушка“ дека помеѓу нив две постои нешто повеќе од пријателство.
Препорачано
„Дали ми пречи што некој мисли дека му е работа да копа по нечии лични односи? Немам одговор на тоа. Што и да кажеме Јована или јас на таа тема, секој има свое мислење. А мене одамна мислењата на другите не ме интересираат“, истакнала Марија.
Пејачката додаде како гледа на кариерата на Јована која зема сè поголем замав.
„Навистина ми е драго што покажа што се знае, знаете, кога некој не умее, нема талент и го нема тоа во себе, бесполезна му е сета помош на овој свет. Јас во Јована само го препознав тој жар, таа љубов кон музиката ѝ помогнав, највеќе со тоа што ја мотивирав да се подигне. Не е тоа моја приватна борба, туку за нешто што вреди. Во морето на пола музика – пола талент, да, сакам да се борам за оние кои заслужуваат и вредат. Јована не е единствена“, истакнала Марија.
Јована оваа година се врати на музичката сцена и постигна голем успех по хитот „Лудило моје“ и почна да често да настапува, а за својот успех ѝ се заблагодари на Марија Шерифовиќ.


