Маричиќ во Атина: Грција е силен поддржувач на нашиот европски пат

Северна Македонија ја има Грција за партнер и силен поддржувач на европскиот пат, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата со грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис во Атина.

Состанокот, како што вели Маричиќ, бил значаен и содржаен, а се разговарало за важни теми за двете земји, но и за случувањата во регионот.

„Денешната посета е уште една потврда за постоење на добра политичка волја и потенцијал за меѓусебна соработка во остварувањето на заедничките стратешки цели и нови инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат мобилноста на нашите граѓани, како отворањето на граничниот премин Маркова Нога за кој веруваме дека ќе има успешна реализација и брзо и ефикасно отворање“, пишува Маричиќ.

Добрососедските односи и поддршката која ја имаме од Грција отвораат простор да се фокусираме и да зборуваме за европската иднина и за македонските евроинтеграции.

Според него, добрососедските односи и поддршката од Грција „отвораат простор да се фокусираме и да зборуваме за европската иднина и за македонските евроинтеграции“.

Неговиот домаќин Варвициотис, пак, на Твитер го изнесе познатиот став на грчките власти дека „европскиот пат на Северна Македонија е поврзан со целосна имплементација на Договорот од Преспа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот