Маричиќ: Најголемиот дел од попишувачите се вакцинирани, операцијата ќе одземе десетина минути

Бојан Маричиќ / Фото: Архива на Слободен Печат
„Доколку граѓаните одбијат да ги попишуваат невакцинирани попишувачи, ќе обезбедиме вакцинирани“, тврди министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за ТВ21, додавајќи дека сепак повеќето попишувачи се имунизирани. Според него, не било прифатливо како услов да се воведе вакцинацијата кај попишувачите, бидејќи по должност тоа никому не е наметнато, па дури ниту на здравствените работници.  за среќа поголемиот дел се вакцинирани.

– Подготвени сме да го спроведеме безбедно пописот и од здравствен аспект. Обуките и подготовките на теренските попишувачи се во насока да брзо и ефикасно, без да се задржуваат во домовите, за 10 до 15 минути ќе се заврши целата операција во домот. Податоците ги имаме но треба да се дополнат и верификуваат, кажа Маричиќ.

Тој потсети дека во државата веќе се спроведени избори без да се влијае на епидемиолошката состојба и бројките на новозаразени не се зголемиле. Министерот, тврдејќи дека најголемиот дел од попишувачите се вакцинирани, порача ова прашање да не се злоупотребува од страна на деструктивните политички сили.

– Постојат прекршочни мерки и глоби за оние што ќе одбијат да се попишат, но не сакаме да ги користиме тие методи. Нема никаков интерес да не се попишат, пописот е важен за сите, тие резултати ќе се со важност наредните десет години. Не треба да се влегува во политикантски пораки, некои партии мислат што полошо тоа подобро за нив, како Левица и други организации – тоа се деструктивни политички сили, затоа што повикувајќи ги граѓаните да не се попишат, тие се обидуваат да направат фалсификат од пописот, заклучи Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот