Маричиќ: Прочистувањето во правосудството ќе трае, но создадени се сите предуслови за резултати

Прочистувањето во правосудството ќе трае, нема да се заврши преку ноќ, но создадени се сите предуслови за да имаме резултати. Битката не е завршена, но тргнати сме на вистинскиот пат. Јас ќе бидам задоволен со правда и сите случаи на СЈО да имаат завршница, изјави вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ.

– Секако дека има правда, но дали е доволна, може да дискутираме. За разлика од пред неколку години, од првите „бомби” наваму се отворија многу процеси и денес имаме различна ситуација, имаме попатни разочарувања, би рекол падови и напредок, но сите очекуваме да биде подобро. Во многу ситуации нема правда, во многу институции. За да се солидаризираме со граѓаните, тргнавме со идејата и за формирање на СЈО, за реформи во правосудството, за прочистување, и сите напори се во таа насока. Битката не е завршена, но дека сме тргнати на вистински пат. Трнати сме. Јас ќе бидам задоволен со правда и сите случаи на СЈО да имаат завршница, кога ќе имаме издвојување на чесните судии и кога ќе функционира системот. Делумно сум задоволен од она што е направено до сега, но дека треба многу повеќе – треба, изјави Маричиќ, во гостување во Анализа 24 на ТВ 24.

Според него, веќе се разрешени десетина судии, а очекува резултати и од Советот на јавни обвинители.

– Имаме десетина разрешувања на судии и очекувам тоа да се зајакне. Исто како што очекувам Советот на Јавни обвинители да ги преземе своите надлежности, тоа е желба за правда на граѓаните. Прочистувањето ќе трае, нема да се заврши преку ноќ, но сите предуслови за да имаме резултати се создадени. Можам да му честитам на Судскиот совет за резултатите, тоа не можемеда го кажеме за Советот на јавни обвинители, таму допрва треба да видиме резултати, рече Маричиќ.

Тој порача дека обидите за негова лична дискредитација со лажни вести и интерпелации во Парламентот нема да го поколебаат, туку ќе го охрабрат да истрае, затоа што, вели, тие се доказ дека се на вистинскиот пат на реформи.

– Пет месеци сум на позицијата министер и се прави обид за моја лична дискредитација, со лажни вести, интерпелација во Парламент, напади врз моето семејство. Немаат што да најдат и пласираат лажни вести преку платформите кои беа против членството на Северна Македонија во НАТО. Но, нема да ме предомислат, напротив ќе ме охрабрат затоа што тоа е доказ дека сме на вистинскиот пат со реформите, рече министерот за правда Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот