Манекенката Џиџи Хадид и Малик го очекуваат првото заедничко дете (ФОТО)

инстаграм

Џиџи Хадид (25) и нејзиниот партнер Зајн Малик (27) го очекуваат првото дете, пишува TMZ.

Манекенката наводно е во петтиот месец од бременоста, а ја издаде стомакот додека позираше на прославата на 25-от роденден со момчето и семејството на нивната фарма во Пенсилванија.

View this post on Instagram

❣️?

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

– Не е јасно дали го знаат полот на детето, но нивните семејства се силно возбудени поради приновата, изјави извор близок на парот.

Тие двајца имаа навистина турбулентен однос. Прв пат стапија во врска во 2015 година, потоа во 2018 објавија дека раскинале. Потоа криеа од јавноста и повторно беа заедно во летото 2018.

Меѓутоа во јануари 2019 година одлучија дека навистина е крај, за една година подоцна да се шетаат по улиците фатени за рака. Тогаш поминаа викенд заедно во Њујорк, каде пејачот го прослави 27-от роденден.

View this post on Instagram

zayn is going to be a father oh my god #zaynmalik #gigihadid

A post shared by H? (@history.harryy) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот