Манџукиќ и официјално нов фудбалер на Ал Духаил
Иако утринава протекоа информации дека преговорите на Марио Манџукиќ со катарскиот прволигаш пропаднаа и тој се враќа во Серија А, неколку часа подоцна дојде до пресврт и хрватскиот репрезентативец и официјално потпиша договор со АЛ Духаил.
Welcome To #AlDuhail ❤️@MarioMandzukic9 ?? https://t.co/ocuPxnB8Lq
— نادي الدحيل الرياضي (@DuhailSC) December 24, 2019
Според првичните информации, Манџукиќ ќе потпише договор на една ипол година за што ќе заработи 10.5 милиони евра, додека на Јувентус ќе му бидат исплатени 5.5 милиони евра како обесштетување.
Со потписот за катарскиот тим, конечно заврши агонијата на Манџукиќ во Јувентус. Со доаѓањето на Маурицио Сари за нов тренер на „старата дама“, Хрватот падна во втор план, и во првиот дел од сезоната не одигра ниту една минута за Јувентус, а тренираше со младинците.