Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Манчестер сити против Ливерпул во четвртфиналето на ФА купот

Се ближи возбудлива завршница на ФА купот, во кое ќе играат големи клубови – а тоа значи и големи дербија. Извлечени се четвртфиналните двојки и нè очекува вистинско уживање за сите фудбалски фанови.

Натпреварите се закажани за 4 и 5 април, а меѓу првите осум се шест екипи од Премиер лигата, еден тим од Чемпионшип и еден тим од втората лига.

Без сомнение најголемо внимание се очекува да привлече пресметката помеѓу Манчестер сити и Ливерпул, кои се и едни од фаворитите за пехарот. Ова дерби од четвртфиналната фаза ќе се игра на „Етихад“.

Арсенал треба да гостува кај Саутемптон, додека Челси ќе ја има фаворитската улога против Порт Вејл.

Само Лидс не знае против кого ќе се соочи на гости, тоа ќе биде победникот од мечот меѓу екипите на Вест хем и Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот