Манчестер Сити не препушта ништо на случајноста: Фоден станува еден од најплатените во Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

Maнчестер Сити подготвува нов договор за англискиот репрезентативец Фил Фоден. Според најавите на островските медиуми, „граѓаните“ му нудат на Фоден договор на уште шест години.

Актуелниот договор на 24-годишниот фудбалер е со важност до јуни 2027 година и во овој момент заработува 200.000 фунти неделно, а со новиот се најавува и значително покачување.

Најавите се дека раководството на „граѓаните“ е спремно да му понуди плата од 376.000 фунти и договорот би требало да биде потпишан по Европското првенство во Германија.

Во изминатата сезона Фоден одигра 52 натпревари за Манчестер Сити и постигна 27 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот