Манчестер сити или Севиља: Атинска битка за првиот европски трофеј во сезоната

фото: принтскрин/youtube.com/@footballv.b5324

Денеска од 21.00 часот во Атина, Грција, ќе се игра УЕФА Суперкупот во кој ќе се сретнат победниците од минатата сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа, Манчестер сити против Севиља.

Тоа ќе биде уште една можност за англискиот тим да испише нова страница во историјата, бидејќи никогаш не го освоил трофејот во Суперкупот. Од друга страна, клубот од Андалузија го брка вториот триумф во ова натпреварување (првпат славеше во 2006 година), но воедно загуби пет Суперкуп натпревари по ред.

– Само да се биде тука значи дека сте направиле голема работа – сте ја освоиле Лигата на шампионите или Лигата на Европа, и морам да кажам дека не е многу лесно. Сепак, за Севиља може да биде малку полесно, бидејќи тие многупати ја освојуваа Лигата на Европа – се пошегува тој. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, алудирајќи на годините на доминација на Севиља во споменатото натпреварување.

Севиља го освои единствениот трофеј во Суперкупот во 2006 година, а ривал тогаш беше Барселона.

– Се сеќавам на тој натпревар, Севиља победи со 3:0. Тоа е навистина одличен тим, кој освои многу и има одличен карактер – додаде Гвардиола, кој вечерва (и долгорочно) нема да може да смета на повредениот Кевин де Брујн.

Севиља ги загуби претходните пет натпревари од Суперкупот против Милан, Реал Мадрид двапати, Барселона и Баерн.

– Добро ме познавате и знаете дека не ѝ давам никаква важност на статистиката. Се работи за еден натпревар и сѐ е можно. Знаеме каков тим е Сити, но веќе победивме едно финале и мислам дека можеме да го направиме и ова – изјави тренерот на Севиља, Хозе Луис Мендилибар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот