Гвардиола: Де Брујн нема да може да игра три-четири месеци

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Англискиот шампион Манчестер Сити со победа против Барнли ја отвори новата сезона во Премиер лигата, но овој триумф на „граѓаните“ остана во сенка на повредата која ја заработи Кевин Де Брујн.

Еден од најважните фудбалери во системот на Пеп Гвардиола мораше предвреме да го заврши натпреварот, а шпанскиот стратег потврди дека станува збор за сериозна повреда.

Според изјавата на Гвардиола, Де Брујн ќе паузира најмалку три месеци.

„Отсуството на Де Брујн е сериозен проблем, ќе мораме да одлучиме дали ќе се оперира или не. Сигурно ќе биде надвор од теренот неколку месеци. За начинот на лекување ќе одлучи лекарскиот тим, но јас знам дека нема да може да игра најмалку три или четири месеци“, изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот