Манчестер јунајтед е вториот финалист во ФА купот

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Денеска го знавме и вториот патник во финалето на англиското фудбалско натпреварување ФА купот, тоа е екипата на Манчестер јунајтед.

На стадионот „Вембли“ дури по пенал серијата „црвените ѓаволи“ успеаја да дојдат до победата против Ковентри.

Поведе Јунајтед со голот на Мектоминеј во 23 минута, а непосредно пред паузата предноста ја зголеми Мегваер (45+1`).

Јунајтед дојде и до 3:0 во 58 минута преку Фернандеш и тука веќе сите предвидуваа дека ова ќе биде една рутинска убедлива победа на фаворитот.

Но, Ковентри тука не застана и успеа до крајот на второто полувреме да постигне три гола и го однесе мечот во продолженијата. А тоа го направи со головите на Симс (71`), О`Хер во 79 минута и Рајт во самиот финиш (90+5`).

Мируваа мрежите во дополнителните 30 минути, па одлучуваа пеналите во кои Јунајтед беше подобар со 4:2.

Противник на играчите на менаџерот Ерик тен Хаг во финалето ќе биде Манчестер сити на 25 мај. Во првиот полуфинален меч фудбалерите на Пеп Гвардиола со 1:0 го елиминираа Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот