Едина Муса - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Едина Муса - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Едина Муса: Со раѓањето на Максим научив многу нови работи за себе

Една од најубавите спортистки кај нас, кошаркарката Едина Муса, минатата година стана мајка. Таа заедно со сопругот, исто така познат кошаркар Александар Димитровски – Мачка, го добија синчето Максим. Во „Мамавизија“ за првпат пред очите на јавноста Муса зборува за нејзината бременост, предизвиците со кои се сооочила и раскажува колку ѝ се променил животот откако станала мајка.

– Јас по природа сум човек од рутина, откако знам за себе секојдневието ми е исполнето со тие задачи, кошарка, спорт, работа… Ретко сум си посветувала време на себеси, за опуштање и релаксирање, за одмор и сл. Откако дојде Максим на свет, животот ми се промени комплетно. Што би рекла мојата другарка Елена Бубало, „се удомив“. Научив како да бидам поспокојна, да живеам во мир, осознав за себеси карактерни особини кои не сум знаела дека ги поседувам – вели Муса.

Не сте ја виделе Едина Муса во вакво издание, како во емотивен занес зборува за своето дете и се присетува како изгледала нивната прва средба.

– Јас се породив со царски рез, опоравувањето ми одеше бавно и тешко. Јас такви болки не сум почувствувала во животот никогаш, не можев главата да ја поместам. Но, морам да споделам една ситуација, кога ми го донеса првпат Максим. Ми го дадоа во прегратка и не можам да си објаснам, но болката како магично да ми исчезна. Прво си реков, колку чекав да те видам, цело време замислував како ќе изгледа. Знаеш, бебенце, толку време чекав да имам бебенце свое. И еве го тука е. Толку беше мал и си велам, чекај, сега ова е моето бебенце. Не знам, тоа е љубов на прв поглед. Таква љубов немам почувствувано во животов – рече нашата соговорничка.

Едина Муса - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Едина Муса – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Муса зборува за тоа колку Мачка е инволвиран во процесот на растење на синот, за нејзините промени на телото, како и за тоа колку време ѝ било потребно да се врати во форма, што ѝ донело вежбањето во бременоста и дали и на кој начин го препорачува. Муса отворено раскажува и за релацијата на Максим со Хана и Дарен, децата на Мачка од првиот брак со пејачката Тамара Тодевска.

Погледнете ја новата епизида на „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20:00 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот