Макрон: Антисемтизмот неподносливо се враќа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не треба да се попушти пред неподносливото враќање на антисемитизмот.

-Ќе се бориме против антисемитизмот и расизмот во секој облик кои се појавуваат на светлоста на денот и кој се крие во сенката и анонимноста, рече Макрон по повод оддавањето почит на Евреите кои од Франција биле депортирани во логорот на смртта, Аушвиц, кој е ослободен пред точно 75 години.

Пред говорот, францускиот претседател го отвори обновениот Ѕид на имиња, каде што се наоѓаат имињата на сите кои се депортирани од Франција од март 1942 до летото 1944 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот