Македонските шахисти имаа супер старт во Ченаи, Индија/Фото: facebook.com/Фото: Шаховска Федерација на Македонија

Македонските репрезентации со успешен почеток на Шаховската олимпијада во Ченаи

Машката и женската репрезентација на 44-та Шаховска Олимпијада во Ченаи (Индија) започнаа успешно со убедливи победи.

Во рамките од првото коло мажите триумфираа со 4:0 против Бермуда, а жените со истиот резултат беа подобри од Габон.

На свеченото отвораање знамето на Македонија го носеа најмладите шахистки Леа Ефтовска и Моника Жежовска.

Шаховска олимпијада Ченаи 2022

1. коло, резултати

Мажи, Бермуда – Македонија 0:4 (поени донесоа Звонко Станојоски, Тони Лазов, Никола Николовски и Андреј Велјаноски).

Жени, Габон – Македонија 0:4 (поени донесоа Моника Стојковска, Ивана Манова, Драгана Николовска и Леа Ефтовска).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот