Македонските ракометарки поразени и во Кишварда, Украина ќе игра на Светското првенство

фото: Ракометна федерација на Македонија

Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација е совладана и на реваншот од баражот за Светското првенство 2023 против Украина.

Украинките по победата во Скопје од 24:22, беа подобри и во унгарскиот град Кишварда со поубедлив резултат 31:22.

Веќе во текот на првото полувреме противникот стекна двоцифрена предноста, највисоката изнесуваше непосредно пред паузата (23:11, 24:12).

Ништо не се промени и во вториот дел, ривалот успешно ја одржуваше позитивата и на крајот успеа да ја оствари целта со пласманот на Мундијалот. За Украина ова ќе биде осмо учество на светските првенства.

Гичевска со девет голови беше најефикасна во редовите на нашата селекција со девет голови, а на спротивната страна седум погодоци беа дело на Глибко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот