Македонските ракометарки ќе бидат наградени со два милиони денари за пласманот на ЕП 2024

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов на средба со најдобрите македонски ракометарки/фото: facebook.com/rfmofficial

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), денеска оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим.

Непосредно по враќањето на женската ракометна репрезентација од Баку, која во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП, триумфирајќи над домаќините на теренот, извојува пласман на овогодинешното Европско првенство кое ќе се одржи Австрија, Унгарија и Швајцарија во периодот 28 ноември до 15 декември 2024 година.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напоменувајќи дека во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир. Имајќи предвид дека женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на ЕП преку квалификации по цели 12 години, УО на РФМ претходно донесе одлука за пласманот на ЕП женската национална селекција да добие награда во износ од два милиони денари.

Ова е седмо континентално учество, а второ последователно на женската национална селекција на најсилното континентално натпреварување, откако во 2022 година Скопје беше домаќин на ЕП, а Европската куќа на ракометот објави дека на 18 април во Виена, во 18 часот ќе биде извлекувањето на групите.

Последниот натпревар од квалификацискиот циклус со селекцијата на Литванија, ќе се одигра на 7 април (недела) од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски”, а влезот во салата е слободен. РФМ ја повикува јавноста да им се даде поддршка на девојките и заеднички да го прославиме пласманот на ЕП 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот