Фото: Ракометна Федерација на Македонија

Македонските ракометари ќе имаат три натпревари на „Жолтиот куп“ во Винтертур

Стартува финалната проверка и темпирање на формата на најдобрата македонска машка ракометна репрезентација во пресрет на Европското првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров пристигнаа во Винтертур, Швајцарија, каде ќе учествуваат на „Жолтиот куп“.

Во периодот од 8 до 10 јануари нашите најдобри ракометари ќе ги одмерат силите со селекциите на Бахреин, Швајцарија и Украина.

Првиот меч Македонија ќе го има на 8 јануари против Бахреин од 20.30 часот, па на 9 јануари од 17.45 часот противник е Украина, а на 10 јануари од 18.00 часот ќе се соочи со Швајцарија.

Првиот тренинг во Винтертур, тимот ќе го одработи во попладневните часови, во терминот од 18.00 часот.

Минатиот месец во Пореч, македонската репрезентација во својот прв контролен меч пред настапот на ЕП, претрпе пораз од 26:23 против Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот