Македонските ракометари имаа успешен тест против данскиот Митјиланд
Најдобрата македонска ракометна репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров имаше уште еден контролен натпревар пред настапот на Европското првенство кое официјално ќе почне на 15 јануари.
Препорачано
Денеска нашите ракометари триумфираа со конечен резултат 35:27 против данскиот клуб Митјиланд.
Ова беше уште еден добар тест за избраниците на Лазаров во кроењето на тактичките замисли пред мечевите од прелиминарната фаза во групата Б во Хернинг.
Потсетување, во текот на подготовките нашата селекција во серијата пријателски натпревари стартуваше со пораз од Хрватска, па имаше учинок од две победи над Бахреин и Украина, и реми против Швајцарија во рамките од „Жолтиот куп“ во Винтертур.
Првиот натпревар на ЕП македонската репрезентација ќе го има на 16 јануари од 20.30 часот против еден од фаворитите за златниот медал, селекцијата на Данска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
11мин
-
9час
-
9час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


