Македонските каратисти со пет медали на ИТКФ онлајн шампионатот

Нови успеси на нашата репрезентација во традиционално карате овојпат на ИТКФ Медитеранскиот онлајн шампионат кој се одржа денеска и во текот на вчерашниот ден.

Учинокот на Македонија е освоени два златни медали, еден сребрен и два бронзени.

Со злато се закитија Мила Саздова во јуниорска конкуренција, а кај кадетките триумфираше Александра Стојановска.

Сребрен беше Дејан Недев во сениорска конкуренција, додека бронзи освоија Аљоша Недев (сениори) и Максим Илиев во кадетска конкуренција.

На овој шампионат учествуваа 188 натпреварувачи од 22 земји, меѓу кои и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот