Македонскиот талентиран голман Василев потпиша за португалскиот Рио Аве

Васко Василев потпиша договор на три години со Рио Аве/фото: instagram.com/nikolagjosevski

Васко Василев (18), македонскиот голмански талент ќе ги брани боите на португалскиот фудбалски клуб Рио Аве, објави фудбалскиот агент Никола Ѓошевски.

Нашиот У19 репрезентативец потпиша договор на три години со Рио Аве, кој е стандарден учесник во најсилната португалска фудбалска лига.

Чуварот на мрежата доаѓа од школата на ФК Вардар, од 2019 година играше во Србија каде беше член на Динамо Врање, У17 тимовите на Црвена звезда и Графичар, како и на У19 тимовите на Црвена звезда, Графичар и Рад Београд.

– Благодарност до сите клубови и тренери вклучени во кариерата на Васко сите овие години и нивната улога во развојот правејќи Васко да расте и како играч и како личност. Посебна благодарност до Црвена звезда што се договори со Рио Аве и му дозволи на Васко да го направи својот следен чекор напред во кариерата. Голема благодарност до семејството на Васко за довербата во сите мои совети сите овие три години работејќи заедно. Конечно, благодарност до Рио Аве за нивната доверба во Васко да му даде платформа за неговиот развој како играч. Претстои долг пат на напорна работа и посветеност. Оди и докажи се – објави Ѓошевски на „Инстаграм“.

Ѓошевски се надева дека е донесена добра одлука со доаѓањето во еден од најдобрите португалски клубови чиј дрес во минатото го носеа врвните светски голмани Јан Облак и Едерсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Gjosevski (@nikolagjosevski)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот