Македонскиот репрезентативец Костадинов стрелец во Купот на Словачка

Костадинов придонесе во убедливата победа на Ружомберок против Нове Место/Фото: ФФМ

Денеска екипата на Ружомберок се пласираше во 1/16 финалето на словачкиот Куп откако на гостински терен со 0:6 триумфираше над Нове Место.

Еден од стрелците во победата беше македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов кој постигна гол во 30 минута за зголемување на предноста на 0:2.

Мојцис во 11 минута ја започна гол серијата, Бренкус двапати се запиша во листата на стрелците, а по еден погодок имаа уште Римаренко и Кубик.

Во следната фаза Ружомберок ќе се соочи со една од следните три екипи, Повашка Бистрица, Једнота Банова или Жилина.

Моментно во шампионатот на Словачка играчите на тренерот Питер Струхар се на седмата позиција со осум бодови од шест кола, осум помалку од лидерот Слован Братислава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот