фото: instagram.com/manev.jovan/

Македонскиот репрезентативец Јован Манев на позајмица во Нови Пазар

Според хрватските медиуми, фудбалскиот клуб Риека наскоро ќе ја напушти Јован Манев (24). Според најавите, македонскиот репрезентативец следната сезона ќе ја помине на позајмица во српскиот прволигаш Нови Пазар кој ќе има опција за откуп.

Нашиот одбранбен играч пристигна во Риека од Турција во февруари, но не успеа да се наметне во тимот на Радомир Ѓаловиќ.

За Риека одигра само седум натпревари и има договор со клубот од Рујевица до лето 2027 година.

Во својата кариера, тој играше и за Осиек, Адана Демирспор и Брегалница. За сениорската репрезентација на Македонија одигра 11 натпревари и беше повикан на последните два собири.

Нови Пазар по четири одиграни кола во најдобрата српска лига има седум бодови и е моментно на шестото место во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот