Македонскиот репрезентативец Чурлинов за пет милиони евра во Барнли

Дарко Чурлинов од следната сезона ќе игра во англискиот Чемпионшип/Фото: instagram.com/churlinov7

Веќе е најавено дека македонскиот репрезентативец наскоро се очекува да го облече дресот на Барнли, клуб кој лани испадна од Премиер лигата.

Дарко Чурлинов, кој минатата сезона беше на позајмица во Шалке, ги започна подготовките летово во Штутгарт, одигра и неколку пријателски натпревари, а сега се најавува нов трансфер.

Менаџерот на Барнли, поранешниот репрезентативец на Белгија, Винсен Компани „одигра голема улога“ во одлуката на Чурлинов да ја напушти бундеслигашката екипа.

Тоа го потврди агентот на нашиот играч, Мехмер Есер за „НРЗ“, и Македонецот се најавува дека ќе биде 12 летно засилување за тимот на сезонава кој има амбиции да се врати во премиер лигашката елита.

Исто така, директорот на Штутгарт, Свен Мислинтат, вели дека се одржале разговори“ меѓу сите страни, а договорот сега е „добро напреднат“. Барнли наводно ќе плати околу четири милиони фунти или пет милиони евра плус бонуси.

Последните информации велат дека денеска Чурлинов треба да ги има лекарските прегледи, по што треба да следува и официјалниот потпис, а во меѓувреме треба да се решат уште неколку детали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот