Македонскиот репрезентативец Чурлинов им се врати на тренинзите во Барнли
Како што и се предвидуваше, во текот на Светското првенство во Катар се очекуваше враќањето на Дарко Чурлинов кој се опорави од повредата и им се врати на клупските обврски во Барнли.
Препорачано
Потсетување дека Чурлинов пред три месеци поради повредата на задниот бутел мускул не беше дел од македонската А репрезентација за последните два натпревари од Лигата на нации против Грузија и Бугарија, а ги пропушти и пријателските мечеви во Скопје со Финска и Азербејџан.
Англиските медиуми објавија дека Чурлинов повторно тренира, како и неговиот соиграч Скот Твајн, и ќе бидат вистинско освежување за тимот на Винсен Компани пред новите натпревари оваа сезона.
Македонскиот фудбалер до сега запиша три настапи во Чемпионшип, а Компани ги чувствува опоравувањата на Чурлинов и Твајн како „нови транфери“ на клубот овој период.
Барнли за цел има враќање во Премиер лигата, по 21 одиграно коло е моментно на првото место во Чемпионшип со 41 бод, второпласиран е Шефилд јунајтед (38), а на третата позиција е Блекбурн роверс (36). Следниот меч играчите на Компани ќе го имаат на 11 декември против КПР на гостински терен.
11 images from Gawthorpe show Scott Twine and Darko Churlinov back in training with Burnley ahead of trip to Loftus Road to take on QPR https://t.co/1RFBTOddOb
— BurnleyExpress Sport (@BXSport) December 7, 2022


