Македонскиот младински репрезентативец Максимов потпиша за ЛАСК, но прво ќе игра во Норвешка

Фото: LASK

Maкедонскиот младински репрезентативец , Методи Максимов кој го носеше дресот на Шкендија денеска беше промовиран во ЛАСК Линц од Австрија, но и веднаш испратен на позајмица во норвешкиот клуб Алесунд.

Договорот кој го потпиша Максимов со ЛАСК е до јуни 2028 година, меѓутоа до крајот на актуелната сезона ќе игра во норвешкиот второлигаш како позајмен фудбалер.

Во досегашниот дел од сезоната Максимов го носеше дресот на Шкендија, а претходно беше дел од Работнички и Брегалница во младинските категории..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот