Владимир Егоров/фото: facebook.com/bfrsm.mk

Македонскиот борач Егоров освои злато на турнирот во Пловдив

Владимир Егоров успеа да донесе златен медал за македонското борење од официјалниот меѓународен турнир „Дан Колов – Никола Петров“ во Пловдив, Бугарија.

Во категоријата до 61 килограм, нашиот натпреварувач на стартот со 11:0 го совлада Бугаринот Габриел Кондев.

Беше убедлив и над Ердал Галип од Бугарија со 10:0, а финале обезбеди по победата од 2:1 против Камил Керимов од Украина.

Во финалната борба за златото, Егоров беше поуспешен од Микита Абрамов од Украина со резултат со 4:0.

Вкупно 320 учесници од 24 земји се натпреваруваа на 63 издание на престижниот меѓународен турнир во Пловдив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот