Фото: МОК

Македонскиот бокс има блескава иднина: Ален и Адријан Рустемовски со медали од ЕП за млади сениори

Претседателот Даниел Димевски во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) приреди прием за нашите млади боксери Ален и Адријан Рустемовски, кои постигнаа извонреден успех на Европското првенство за млади сениори до 23 години во Ереван, Ерменија, во организација на ЕУБЦ.

Ален Рустемовски се закити со сребрен медал, а неговиот брат Адријан Рустемовски освои бронза, под стручна подготовка и водство на тренерот Јове Петровски.

На приемот присуствуваше и претседателот на Националната боксерска федерација на Македонија, Кристијан Андреевски, кој заедно со претседателот Димевски им честиташе на младите спортисти за нивниот труд, посветеност и спортски дух.

Овие резултати се доказ дека македонскиот бокс има блескава иднина и дека младите генерации го продолжуваат патот на успехот со истата страст и решителност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот