Македонски клуб има пари, но не може да најде играчи и тренер, па нема да ја доигра сезоната

Фото: ФК Росоман

Во македонскиот фудбал се ближи почетокот на вториот дел од сезоната, а во проблем се најде екипата на ФК Росоман која се натпреварува во Третата лига Југ.

Имено, клубот се огласи преку соопштение тврдејќи дека иако се во добра финансиска состојба не можат да најдат фудбалери и тренер. Од клубот сметаат дека со сегашниот играчки кадар не можат многу, па затоа сметаат дека најдобро е сезоната да не ја доиграат.

„ФК Росоман 83 моментално е пред почетокот на втората полусезона од Трета Лига Југ , 2022/23.

Финансиски клубот е во добра состојба, благодарение на Градоначалникот и Советот на О.Росоман, како и на поддршката која со години ја добиваме од нашите поддржувачи и од одредени локални фирми.

Но, ФК Росоман 83 се соочува со големи проблеми, од кадровски аспект. Ние веќе со месеци се “молиме” за нашите играчи да се стекнат со желба да играт фудбал за нивниот клуб (секоја чест за одредени поединци). Исто така од оваа година, клубот остана и без тренер, кој би ја водел нашата екипа.

Па затоа заклучокот на управата на клубот е дека “со сила нема убавина”, па најдобро би било оваа полусезона да не ја одиграме и да не правиме непотребни трошоци, затоа што играњето во лига кошта многу (за наши услови).

Се додека не се најде некој што има решение за оваа ситуација, оваа одлука е валидна и така и ќе остане.

Ве поздравуваме и се извинуваме во име на сите членови на клубот.

Со почит,

Претседател на ФК РОСОМАН 83, Игор Темелков“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот