Македонски државјанин под дејство на дрога возел автобус со 9 мигранти во Бугарија, полицијата ги уапсила!

Фото: mia.mk

Полицајци фатиле 9 илегални мигранти во автобус кај Пловдив, потврдуваат од Регионалната управа на МВР за 4NEWS.mk

Возилото било сопрено синоќа во 23 часот и 30 минути во близина на селото Труд. Странците се изјасниле како Авганистанци. Полицајците го уапсиле и возачот на возилото, кој е од Македонија.

Неговиот допинг тест се покажал позитивен. Поведена е претистражна постапка, а известено е и Окружното обвинителство.

Пред четири дена на автопатот Тракија кај Пловдив беа приведени две илегални групи мигранти. Во првото комбе патувале 25 странци. Во вториот се пронајдени 31 мигрант. Возилото го управувал полицаец од Бугарија кој е приведен и во моментов е во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот