Македонската тенисерка Лина Ѓорческа елиминирана од турнирот во Трнава

фото: mtftennis.mk

Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во В50 Трнава, Словачка, што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Најдобрата македонска тенисерка денеска во мечот од второто коло загуби од 18-годишната тенисерка од Филипини, Александра Еала (ВТА. 180 место) со 2:0 во сетови 6:4, 6:2 за 85 минути игра.

Во првиот сет имаше само еден брејк и го направи Еала во 10 гем од сетот кога успеа по 14 одиграни поени да стигне до посакуваното водство од 1:0 во сетови. Притоа Ѓорческа не искористи пет топки за да израмни на 5:5 во гемови.

На почетокот на вториот сет нашата тенисерка имаше можност да направи брејк за водство од 1:0, но не успеа, а потоа втората брејк топка не ја искористи во седмиот гем од вториот сет и ривалката поведе со 5:2. Инаку и вториот сет беше израмнет до 2:2 во гемови, за потоа да следи серијата од четири гема за Еала.

Ѓорческа со пласманот во второто коло ќе освои нови шест поени. За следната недела Македонката е пријавена за настап на уште еден турнир во Трнава, од рангот В75 Трнава и засега е во групата на тенисерки кои ќе треба да играат квалификации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот