Македонската таеквондистка Мила Рељиќ со нов медал од Г2 светските турнири

Мила Рељиќ ја продолжи низата на медали/Фото: Taekwondo-klub-Tigri-Skopje-Macedonia

По освојувањето на златниот медал на Европското клупско првенство во Талин, Естонија, македонската таеквондистка Мила Рељиќ оствари нов голем резултат.

Рељиќ се закити со нов медал од Г2 светските турнири, овој пат бронзен на Талин Г2 Опен. Во овој натпревар учествуваа повеќе од 50 земји од цел свет, пренесува таеквондо клубот „Тигри“ – Скопје.

Поради одличната ранкинг позиција на светската листа нашата натпреварувачка во првото коло беше слободна, а во второто коло ја победи Тамер Таја од Египет со пресврт и 2:1 во рунди.

Во четвртфиналето полесно од очекувањата ја совлада Лејла Палсер од одличната Британска академија со 2:0 во рунди.

Во полуфиналната борба Рељиќ беше тесно поразена од високата Кореанка Жу Мин Квак. Со ова македонската таеквондистка ја продолжи низата на медали, бронзен во јуни во Загреб, златен во Израел пре две недели, и најважниот златен медал на Европското клубско прванество пред два дена одржан исто во Талин, Естонија!

ТК „Тигри“ – Скопје упатува благодарност до македонската таеквондо федерација за подршката и одличното бодрење од трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот