Македонската репрезентативка Стојановска ќе игра во грчката лига

Александра Стојановска ќе игра за Евникос од Грција/Фото: wbcnadel1862.com.mk

Македонската сениорска репрезентативка, Александра Санче Стојановска, својата кариера ќе ја продолжи во редовите на грчкиот клуб Евникос.

Досега ги бранеше боите на женската кошаркарска екипа на Бадел 1862, „сино-жолтата“ икона.

Со тимот успеа минатата натпреварувачка сезона да ја освои шампионската титула.

– На терен пожртвувана, бескомпромисен борец за секоја топка, мотиватор, пеколна кошаркарка, почитувана од секој противник, лидер! Вистински идол на младите кошаркарки. Изразуваме голема благодарност за делата којшто ги остави позади себе во нашиот Бадел 1862.

Голема чест и задоволство претставуваше твоето присуство во сино – жолтиот колектив. Ти посакуваме многу здравје и успешна презентација на твоите кошаркарски и човечки квалитети во твојот следен предизвик, настапите во Евникос – пренесува ЖКК Бадел 1862.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот