Македонската репрезентација има нова шанса за пласман на СП?

фото: рфм

Мексико нема да ги организира квалификациите на Северна Америка и Карибите кои требаше да го донесат 31 учесник на Мундијалот во Египет.

Ситуацијата со коронавирусот ја донесе и одлуката околу тоа дека нема услови за одржување на меѓуродниот турнир во следниот период, и сега се поставува прашање која репрезентација ќе добие „билет“ за настап на наредното Светско првенство.

Од претходно се познати 30 учесници на СП, помеѓу кои се и двете репрезентации добитнички на „вајлд-кард“, Полска и Русија.

Останаа уште две места, наменети за победниците на квалификациските турнири на Јужна и Централна Америка, односно Северна Америка и Карибите (турнир во Салвадор од 19 до 25 октомври).

Дали Светската ракометна федерација (ИХФ) ќе одлучи да додели место за некоја од тамошните селекции по системот „вајлд-кард“ или нова шанса ќе добијат селекциите како Македонија, Србија и Црна Гора, кои веќе неуспешно аплицираа во трката со Полјаците и Русите, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот